![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2025/02/12/248307-srbite-otkrija-deka-donchikj-bil-izbrkan-od-dalas-zashto-bil-alkoholichar.jpeg?itok=BwhSr6xm)
Србите открија дека Дончиќ бил „избркан“ од Далас зашто бил – алкохоличар!?
Официјалното објаснување од Далас беше дека тимот се фокусира на одбрана и затоа го ангажирал Ентони Дејвис, но оваа верзија на настаните предизвика сомнежи, а германскиот новинар Андре Фогт во својот подкаст изнесе нови тврдења – дека Дончиќ бил проблематичен поради прекумерно консумирање алкохол.
Според Фогт, извори од Србија, вклучително и луѓе блиски до српската репрезентација, тврдат дека Дончиќ има сериозен проблем со алкохолот. Оваа теза доби дополнителна тежина откако на една снимка се виде како поранешниот кошаркар Мајкл Финли му одзема пиво од раката за време на прослава. Покрај наводните проблеми со алкохолот, Дончиќ бил критикуван и за недоволна физичка подготвеност, прекумерна тежина и недостаток на дисциплина на теренот. Според новинарот, некои соиграчи и членови на стручниот штаб во Далас биле разочарани од неговото однесување и сметале дека тоа негативно влијае врз тимот.
Во своето деби за Лејкерс против Јута, Дончиќ постигна 15 поени за 23 минути, со пет скокови и четири асистенции. Останува да се види дали во новата средина ќе успее да ги демантира шпекулациите и да ја врати својата најдобра форма.
Целиот текст со тврдењето за проблемот со алкохолот на Словенецот прочитајте го ТУКА.