Спорт Клуб заминува во историја - Евролига и Бундес лига се селат на Арена спорт!?

Сите спортски преноси во Србија и во регионот вклучувајќи ја Македонија ќе бидат достапни исклучиво на каналите „Арена Спорт“, откако „Јунајтед Група“ ја продаде компанијата СББ и правата за спортските натпревари во државите на просторот на поранешна Југославија.

Компанијата е продадена на кабелскиот оператор во северното соседство „Јетел“, но, ексклузивните права за спортските преноси ги презеде српски „Телеком“, сопственикот на ТВ „Арена Спорт“. Тоа значи префрлање на овие канали на двете најексклузивни спортски натпреварувања на Спорт Клуб – кошаркарската Евролига и Бундес лигата.

Иако нема да има спортски преноси, „Јунајтед Медиа“ ќе продолжи да произведува ексклузивни спортски содржини преку свој нов спортски центар под брендот „Спорт Клуб“, каде ќе работат водечки спортски новинари и коментатори. Спортските канали на „Спорт Клуб“ во Хрватска и Словенија ќе продолжат да емитуваат ексклузивни преноси од натпревари на УЕФА, Лигата на шампионите и национални спортски настани.

Целиот процес на продажба е предмет на регулаторни одобренија и се очекува да биде завршен во првата половина на 2025 година.