![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2025/02/12/248316-gigantite-vo-bitka-za-golgeterot-od-serija-a-atalanta-ja-odredi-cenata.jpg?itok=mIXTsf4y)
Гигантите во битка за голгетерот од Серија А, Аталанта ја одреди цената
Последен во низата кој би можел да донесе голема заработка за клубот од Бергамо е 25-годишниот напаѓач, Матео Ретегуи.
Ретегуи ја минува својата втора сезона откако пристигна од Џенова за сума од 21 милион евра што е сума која сигурно ја оправда бидејќи постигна 23 гола на 33 натпревари во сите натпреварувања.
Напаѓачот го привлече вниманието на бројни европски клубови меѓу кои се: Манчестер јунајтед, Арсенал и ПСЖ.
Манчестер јунајтед баш и не се прослави со последниот трансфер од Аталанта бидејќи го купи Расмус Хојлунд за 70 милиони евра кој на теренот прикажува настапи далеку под нивото на кое се очекуваше.
Слична е цената и на Ретегуи, Аталанта нема намера да го продаде за сума под 60 милиони евра.