Никој не го убеди да замине: Фати ќе си седи на трибини и ќе добива - богатство!
Ханси Флик го изостави Фати и за натпреварот против Севиља надевајќи се дека така ќе го принуди да прифати позајмица во Турција, сепак неговиот став не се промени.
Дури ниту агентот Жорж Мендеш не успеа да го убеди Фати да оди некаде каде што ќе има минутажа. Фудбалерот ги одби сите понуди и одлучи да остане во Барселона.
Во Барселона како што стојат работите во овој момент најголем дел од времето ќе помине на трибините. Фати откако се опорави од повредата кон средината декември одигра само половина час и тоа против нисколигаот Барбастро во Копа Дел Реј.
Вкупно сезонава на теренот помина само 186 минути во осум натпревари. Главната причина што ги одбива сите понуди е неговиот богат договор од 14 милиони евра годишно со кој е трет најплатен фудбалер во Барселона.