![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2025/02/10/248179-gvardiola-za-plej-ofot-protiv-real-samite-sme-vinovni-za-ovaa-situacija.jpg?itok=kLUwf7Tk)
Гвардиола за плеј-офот против Реал: Самите сме виновни за оваа ситуација
Групната фаза „граѓаните“ ја завршија на 22 место, додека Реал Мадрид беше 11-ти. Тренерот на англискиот тим, Пеп Гвардиола го најави натпреварот на прес-конференцијата за медиумите, а поради лошите резултати новинарите го прашаа и дали се плаши од отказ.
„Не се плашам. Не знам дали тоа ги прашуваат докторите, архитектите или професорите. Знам дека некаде зборуваат „утре ќе добиеш отказ“, но јас го немам тоа чувство. Тука сум и понатаму поради резултатите кои ги остваривме во минатите сезони. Ако немавме такви резултати, веројатно сега немаше да бидам тука. Кога работите нема да функционираат, ќе се поздравиме и ќе продолжиме по својот пат“, одговори Гвардиола.
Гвардиола е свесен дека самите се виновни што сега се во ситуација да играат против тим како Реал за место во следната фаза.
„Вториот натпревар ќе го играме на гости бидејќи не бевме добри во групната фаза. Завршивме на 22. место од 24 екипи кои поминуваат. Не заслуживме да бидеме на подобро место, не освоивме доволно бодови, не бевме ниту блиску до првите осум позиции. Ако имавме подобри резултати, веројатно ќе имавме и подобар ждреб“, смета шпанскиот стратег.