Меси го поздравија со овации во Хондурас, па го „бркаа“ да се сликаат со него (ВИДЕО)

Интер Мајами е на крајот на подготовките за новата сезона, а синоќа одигра пријателски меч против Олимпија во Хондурас, додека на теренот повторно главна ѕвезда беше Лионел Меси.

Меси одигра еден час на теренот, по што беше заменет, а притоа публиката на трибините го поздрави со овации.

По последниот судиски свиреж, фудбалерите на Олимпија веднаш тргнаа кон Аргентинецот за да си направат фотографија со него.