
Пелистер го здроби Куманово со 20 голови разлика!
Куманово парираше само на почетокот, кога резултатот беше 4-4, по што битолчани ја преземаа контролата и на полувреме заминаа со предност од 25-12.
Пелистер доминираше и во второто полувреме, односно постојано ја зголемуваше разликата до конечни 46-26. Најефикасен во победничкиот тим беше Богдан Радивојевиќ со 11 голови, додека Ненад Костески запиша осум погодоци.
Битолчани имаат 30 освоени бодови по 17 одиграни кола, колку што има и Алкалоид на врвот во лигата.