Ретегуи постигна четири гола, Аталанта ја прегази Верона (ВИДЕО)
Свој ден имаше најдобриот стрелец сезонава во Серија А, Матео Ретегуи кој за првпат во својата кариера постигна четири гола.
Првиот гол италијанскиот голгетер го постигна по 21 минута игра, а веќе четири минути подоцна и по вторпат се запиша во листата на стрелци. Едерсон во 37-та се погрижи за убедливи 0-3 за Ретегуи пред крајот на првиот дел да комплетира хет-трик за 0-4.
Во второто полувреме Аталанта сигурно ја чуваше предноста, Ретегуи постигна уште еден гол за конечни 0-5.
Со овие три бода Аталанта дојде до бројката од 40, еден помалку од Интер и четири од Наполи, но двете екипи имаат и натпревар помалку.