![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2025/02/08/248007-embid-napadna-soigrach-na-tajmaut-zashto-igral-odbrana-kako-stara-baba-video.jpg?itok=f86gMafQ)
Ембид нападна соиграч на тајмаут зашто играл одбрана како – стара баба (ВИДЕО)
Во завршницата на третата четвртина, Детроит имаше убедлива предност од 101-82 по лесното полагање на Малик Бисли. Иако изгледаше како обична акција, ситуацијата се влоши за време на тајм-аутот кога Ембид бесно реагираше на одбранбената игра на Убре. Поранешниот МВП гестикулираше кон соиграчот, обвинувајќи го дека не се потрудил доволно односно дека во одбраната играл како „стара баба“ што комично и му го демонстрираше. Ова предизвика вербален конфликт меѓу двајцата играчи, но среќно беше избегнат физички инцидент. Убре незадоволно одмавнуваше со главата додека Ембид упорно го посочуваше како виновник.
Филаделфија моментално се наоѓа дури под плеј-ин зоната со скор од 20-31, што дополнително го зголемува притисокот за промени во тимот.
РЕЗУЛТАТИ: Шарлот - Сан Антонио 117-116, Атланта - Милвоки 115-110, Бруклин - Мајами 102-86, Детроит - Филаделфија 125-112, Оклахома - Торонто 121-109, Феникс - Јута 135-127.