Генијалноста на Шортс на дело - го седна на земја Грузиецот Шенгелија! (ВИДЕО)

Maкедонскиот кошаркар Ти-Џеј Шортс одигра уште еден одличен натпревар и го предводеше Париз до победа над Виртус Болоња (77-83) во Евролигата, но освен одличните бројки, Шортс се истакна и со неколку потези во текот на натпреварот.

Потегот со кој привлече најмногу внимание Шортс го направи на 30-тина секунди пред крајот кога го седна на земја Токо Шенгелија, а потоа му асистираше на својот соиграч.