Пандев го советувал Елмас: Ми кажа веднаш да потпишам (ВИДЕО)

Репрезентативецот на Македонија, Елиф Елмас во јануарскиот преоден рок ја промени средината и се врати во Италија каде што ќе го носи дресот на Торино.

Елмас во Торино пристигна на позајмица до крајот на сезоната, а италијанскиот клуб ќе има можност да го откупи од Лајпциг на крајот од сезоната за 17 милиони евра. Во разговорот за клупските канали на Торино, Елмас откри дека Горан Пандев одиграл важна улога во неговото доаѓање во Торино.

„Дојдов во клуб со прекрасни навивачи и голема историја. Понудата веднаш ја прифатив, разговарав со Горан Пандев кој ми кажа дека треба брзо да потпишам. Му благодарам на него и градот што ме примија тука. На располагање сум на тренерот Ваноли за предизвицитек ои следат. Неговата страст ја почувствував од првиот момент тука. Во тимот владее одлична атмосфера и верувам во добри резултат“, изјави Елмас.

Ќе потсетиме, Елмас во Италија претходно од 2019 до 2024 година го носеше дресот на Наполи.