Крај на една ера: Марсело ја заврши богатата кариера (ВИДЕО)

Легендарниот бразилски фудбалер и еден од најтрофејните фудбалери на Реал Мадрид, Марсело реши да ја заврши богатата кариера.

Марсело ѝ стави крај на кариерата по 721 настап, 58 голови и 117 асистенции, а досега играше за Реал Мадрид, Олимпијакос и Флуминенсе.

„Љубовта кон фудбалот ми се роди благодарение на мојот дедо. Тој сакаше да станам професионален фудбалер. Горд сум што го носев дресот на Реал Мадрид, но и бразилската репрезентација“, кажа Марсело.