Лејкерс ангажира одличен центар и ќе ја нападне титулата во НБА

По неочекуваниот трејд на Лука Дончиќ од Далас маверикс во Лејкерс, тимот од Лос Анџелес направи уште еден интересен потег и ангажира одличен центар.

Марк Вилијамс пристигна во Лејкерс и така тимот од Лос Анџелес го комплетира составот со кој сака да ја нападне титулата во НБА-лигата.

Вилијамс во просек постигнува по 16 поени и 10 скокови, меѓутоа има и често проблеми со повреди.