„Манчестер јунајтед е полош со Аморим отколку со Тен Хаг“

Англискиот гигант Манчестер јунајтед има ужасни резултати оваа сезона, а многумина очекуваа да се промени ситуацијата со Ерик Тен Хаг, меѓутоа работите не тргнаа на подобро.

Легендарниот фудбалер на „ѓаволите“, Гери Невил кажа дека тимот е полош под водство на новиот тренер Рубен Аморим.

„Постојат две опции. Или експериментира за да најде решение кое му одговара најмногу или едноставно не ги сака напаѓачите кои ги има. Навистина не видов ништо позитивно во Јунајтед. Ова е многу полошо отколку со Тен Хаг и тоа ме изненадува. Уште многу болка очекувам до крај на сезоната“, кажа Невил.