Шкендија храбро се бореше, но загуби од Динамо Киев

Поранешниот македонски шампион Шкендија загуби од украинскиот тим Динамо Киев со 2-3, иако екипата од Тетово успеа да му парира на ривалот во поголемиот дел од мечот.

Динамо Киев поведе со голот на Јармоленко во 38. минута од средбата, по што Диачук со автогол израмни на 1-1.

Шкендија се држеше до 78. минута, кога Динамо преку Ванат постигна уште два погодоци за (3-1), по што во финишот стрелаше Рамадани за конечни 2-3.