Петровиќ нема да се врати во Лондон: Челси планира да го продаде!

Челси повторно има проблеми со голманите, а навивачите се надеваа дека истите ќе бидат решени со враќањето на Србинот Ѓорѓе Петровиќ.

Петровиќ брани одлично во дресот на Стразбур, но „сините“ не планираат да го вратат во Лондон, туку да го продадат.

Србинот пристигна во Челси за сума од 16 милиони евра и имаше солидни настапи за премиерлигашот, кој минатото лето реши да го испрати на позајмица.

Младиот голман кажа дека би сакал еден ден да се врати во Челси, а во прилог му оди и тоа што брани подобро од актуелните голмани на премиерлигашот, Роберт Санчез и Филип Јоргенсен.