УЕФА планира да ги укине продолженијата во Лига на шампиони!?

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) се подготвува на нови револуционерни промени, односно сака да ги укине продолженијата во нокаут-фазата во европските купови.

„Гардијан“ објави дека УЕФА сериозно ја разгледува идејата да се укинат продолженијата во европските купови, во случај резултатот да биде нерешен по 180 минути фудбал, односно двата натпревари во нокаут-фазата.

Планот на УЕФА е екипите веднаш да играат пенали, а не две по 15 минути како во претходните години.

Идејата би можела да се реализира, меѓутоа најверојатно по 2027 година затоа што тогаш завршуваат договорите за ТВ-правата со дел од телевизиите.