Вилијан го напушти Олимпијакос и се врати таму каде што му е најдобро, во - Лондон!

Не траеше долго авантурата на Вилијан во Олимпијакос, Бразилецот му се врати на Фулам за кој потпиша договор до крајот на сезоната.

36-годишниот Вилијан се враќа во Фулам каде што беше член и од 2022 до 2024 година.

На Бразилецот најдобро му е во Лондон бидејќи дури десет години од кариерата ги помина во овој град. Покрај тие две во Фулам, дури седум сезони настапуваше за Челси и една за Арсенал.

„Клубот со задоволство може да го потврди враќањето на Вилијан во Фулам на договор до крајот на сезоната“, стои во соопштението на англискиот клуб.

Тој во Фулам доаѓа како слободен играч и затоа можеше да потпише надвор од преодниот рок.