Дарко Димитриевски потпиша нов договор со Аликанте

Поранешниот македонски ракометен репрезентативец Дарко Димитриевски потпиша нов договор на дополнителни три години со Аликанте, каде што треба да остане до крајот на сезоната 2027/28.

Димитриевски пристигна во Аликанте во 2024 година и стана еден од најважните ракометари на шпанскиот тим.

„Мило ми е што сум дел од овој проект кој расте секојдневно. Новата соработка на дополнителни три години ми покажува дека клубот мисли на мене. Среќен сум што можам да помогнам да растеме заедно и во иднина“, кажа Димитриевски.