Со Аморим нема шега, ако си мрзлив на тренинг ќе те „убие“
Брзо откако Аморим пристигна во Манчестер јунајтед настрада Маркус Рашфорд кој беше тргнат од тимот поради незалагање на тренинзите, а потоа беше испратен на позајмица во Астон Вила.
„За Аморим треба да бидете дисциплинирани надвор од теренот и да работите напорно“, вели Јоро.
„Тренингот е многу важен. Доколку не работите, доколку сте мрзливи на тренингот, тој нема да ве сака, ќе ве убие. Тоа е нормално, ние играме на начинот на кој тренираме“.