Милан ја победи Рома, Жоао Феликс дебитираше со гол! (ВИДЕО)
Поранешниот играч на Рома, Абрахам беше клучен за победата на Милан вечерва. Тој постигна два гола во првото полувреме по две асистенции на Тео Ернандез.
По девет минути игра во вториот дел Довбик постигна гол, намали на 2-1 и ја врати Рома во игра.
Во 59. минута во игра влегоа двете засилувања на Милан, Хименез и Жоао Феликс, и двајцата се покажаа.
Течеше 72. минута кога Хименез асистираше до Жоао Феликс, а тој убаво со лоб погоди за конечни 3-1.