Радуловиќ ја зголеми македонската колонија во Полска
Тој потпиша договор со тамошниот второлигаш Старогард Гдањски кој ќе го води до крајот на сезоната, со можност да остане и идната. Тоа ќе биде нова епизода во странство во неговата кариера откако во првиот дел од сезоната работеше во косовскиот Башкими, а претходно и во унгарскиот шампионат.
Полска последната деценија е вистинска Мека за македонските стручњаци. Покрај Радуловиќ, во моментов таму се уште селекторот Александар Јончевски и неговиот помошник во репрезентацијата Никола Василев, а претходно со голем успех работеа и Емил Рајковиќ и Тане Спасев.