Најмалерозниот фудбалер на Манчестер јунајтед повторно се повреди

Проблемите со повреди на Лук Шо како да немаат крај, а сега фудбалерот на Манчестер јунајтед доживеа нова.

Шо го пропушти почетокот на сезоната поради повреда на предната ложа за потоа да има проблеми со мускулите. Изминатата година одигра само три натпревари и требаше да се врати во јануари кога започна со тренинзи, но тогаш дојде новата повреда.

Се очекуваше да се врати во февруари, но ниту тоа нема да се случи. Според најновите информации од Островот ќе отсуствува до март.

Во овој момент не е познато за каква повреда се рабтои, но јасно е дека премногу пропушти за фудбалер кој има плата од 200.000 фунти неделно. Вкупно од почетокот на сезона, Шо одигра само 98 минути.