Еден фудбалер на Арсенал нема дозвола од Артета да влегува во соблекувалната
„Топџиите“ беа во потрага по квалитетно решение и не сакаа да доведат некого по секоја цена. Кога не доведоа никого сега се очекува важна улога да има Етан Енвавери.
Фудбалерот кој има само 17 години кој според зборовите на тренерот Артета нема дозвола да влегува во соблекувалната.
„Етан и понатаму не може да биде во нашата соблекувална, тоа е забрането за него. Мора да се пресоблекува на друго место, дури и на денот на натпреварите“, изјави Артета.
Енвавери по прирдоа игра на крилната позиција, но Шпанецот го користи и како напаѓач.
„Доволно сме флексибилни во нападот. Тросар може да игра таму, тука се уште Рахим, Етан...Може и Мартинели. Ќе се обидеме со нешто друго“, објасни шпанскиот стратег.