Дувњак замина во пензија, Хрватите го избраа новиот капитен

Домагој Дувњак  ја заврши репрезентативната кариера со финалето од Светското првенство, па селекторот Дагур Сигурдсон требаше да избере негов наследник.

„Лентата“ во иднина ќе ја носи Иван Мартиновиќ што е изненадување бидејќи сите очекуваа да ја добие некогашниот играч на Вардар и Металург, Лука Циндриќ. На натпреварите на Мундијалот, кога не играше Дувњак, капитен беше Игор Карачиќ, но и тој ја заврши репрезентативната кариера.

Хрватите воодушевија на Светското првенство со пласманот во финалето, а и покрај заминувањето на Дувњак и Карачиќ, имаат фантастични играчи кои можат да го носат тимот во иднина.