Пелистер ги дозна противниците во младинската Лига на шампиони

Од оваа сезона Европската ракометна федерација (ЕХФ) организира младинска Лига на шампиони, а во неа наш претставник е Пелистер.

Денеска беа извлечени групите кои ќе се играат по систем сличен на оној по кој се игра Купот на Македонија.

Пелистер се падна во групата 4 во која се уште и Киелце, Висла Плоцк и Динамо Букурешт.

Во полуфиналето Пелистер игра против Киелце, а во другото полуфинале Висла Плоцк и Динамо Букурешт.

Победникот во групата, заедно со победниците во трите преостанати групи ќе игра на завршниот фајнл-фор турнир во младинска конкуренција кој се игра во Келн. 

Натпреварите од групата 4 каде што е Пелистер ќе се играат во Букурешт, од 17 до 19 април 2025.

Во младинската Лига на шампиони учествуваат играчи до 18 години.

Младинска ЛШ:

Група 1 (организатор Веспрем):
Загреб
ПИК Сегед
Веспрем
Војводина

Полуфинале:
Веспрем - Војводија 
ПИК Сегед - Загреб

Група 2 (организатор Барселона):
Барселона
ПСЖ
Нант
Спортинг Лисабон

Полуфинале:
Барселона - Нант
ПСЖ - Спортинг

Група 3 (организатор Фуксе Берлин):
Фуксе Берлин
Магдебург
ГОГ Гудме
Савехоф

Полуфинале:
Фуксе Берлин - Савехоф
Магдебург - ГОГ Гудме

Група 4 (организатор Динамо Букурешт):
Пелистер
Динамо Букурешт
Киелце
Висла Плоцк

Полуфинале: 
Киелце - Пелистер
Висла Плоцк - Динамо Букурешт