Еуфорија во Загреб: Ракометарите дочекани како светски шампиони! (ФОТО+ВИДЕО)

Ракометарите на репрезентацијата на Хрватска пристигнаа во Загреб по Светското првенство на кое стигнаа до финалето каде што беа поразени од Данска и го освоија второто место.

Сребрениот медал сепак беше доволен да донесе голема радост помеѓу хрватските навивачи, а доказ за тоа се денешните сцени од плоштадот во Загреб.

Ракометарите беа дочекани од илјадници навивачи и селекторот Сигурдсон не го криеше воодушевувањето

„Вие сте целосно луд народ“, порача од говорницата Исланѓанецот, а по него пред навивачите зборуваа и ракометарите.