Завршниот турнир од Купот на Македонија ќе се игра во Гевгелија

Организацијата на завршниот турнир во Купот на Македонија му беше доделена на Кожув од Гевгелија.

Турнирот во машка и женска конкуренција ќе се одигра во период од 13 до 15 февруари 2025 година, во спортската сала „26 април“ во Гевгелија.

Во четвртфиналето во машка конкуренција ќе се соочат тимовите на:

ТФТ – Гостивар
Пелистер – Чаир
МЗТ Скопје – Работнички
Куманово – Кожув

Во полуфиналето на женскиот дел од турнирот ќе играат:

Крива Паланка – Вардар
Баскет Кам - Бадел