Чилвел го напушти Челси, но остана во Лондон

Левиот бек на Челси, Бен Чилвел го напушти англискиот гигант и се пресели на позајмица во Кристал Палас.

Чилвел пристигна кај „сините“ во 2020 година како големо засилување од Лестер, но поради повреди отпадна од првиот тим на Челси.

Тренерот Енцо Мареска му кажа на Чилвел дека нема да смета на него и поради тоа англискиот дефанзивец реши да го напушти „Стемфорд бриџ“.