Данска е голем фаворит против Хрватска поради една традиција поврзана со Барса
За среќа, мечот ќе се игра кај третиот домаќин, на неутрален терен, во Осло што е можеби најфер во ваква ситуација. Според обложувалниците, Данска е голем фаворит за победа на овој меч и за четврта титула во низа, но Хрватите досега покажаа дека не ги интересираат такви работи за што најдобар доказ беше триумфот против Франција во полуфиналето.
Има и една традиција која ја прави Данска фаворит пред финалето. Од 2011 година, секој светски шампион во своите редови имал барем еден играч на Барселона, а пред овој натпревар, само Данците можат да се пофалат дека го исполнуваат тој услов. Тоа е голманот Емил Нилсен кој од 2022 година е член на „каталонците“ и е еден од најдобрите на својата позиција во светот.