Мајами ќе го пушти Батлер за да го донесе - Лука Дончиќ!

Пет Рајли сака да го нападне потписот на Лука Дончиќ, да го донесе словенечкиот кошаркар во Мајами.

Џими Батлер во последниот период се однесува проблематично со цел да изнуди заминување. Тоа би требало да се случи, веројатно во наредните денови.

Ако Батлер замине, Мајами ќе ослободи голема сума на пари која ќе може да ја искористи во иднина.

Планот на Хит е да успеат да го донесат Лука Дончиќ во летото 2026 година. Тогаш би можеле да имаат преку 80 милиони долари простор во „селари капот“, а Словенецот тогаш ќе биде слободен играч.

Според пишувањата Мајами е претпазлив во градењето на тимот, сега планира да потпишува само кратки договори со играчи, не подолги од сезоната 2025/26, со цел да има ресурси за Дончиќ.

Наводно тој е голема желба на претседателот на клубот, Пет Рајли, а дали ќе му се оствари, ќе покаже времето.