Луда вечер во Евролигата: ПАО се врати од -20, Монако од -21, а Реал победи со тројка во последната секунда

Елитното европско кошаркарско натпреварување уште еднаш донесе еден куп возбудувања.

По дебаклот што го доживеа Олимпија Милано во Истанбул (66-110), во вечерниот термин се одиграа уште неколку мега-интересни натпревари. Панатиникос на домашен терен го победи Жалгирис со 89-76, но тоа ништо не значи ако не се знае дека во првото полувреме грчкиот тим имаше дури 20 поени негатива. Жалгирис водеше со 10 разлика и по три четвртини, а потоа кошаркарски земјотрес во ОАКА.

Панатинаикос го отвори последниот период со 18-0, подоцна имаше и 29-2, а Жалгирис во тие 10 минути не постигна ниеден кош од игра.

Подеднакво возбудливо беше во Мадрид каде Реал ја победи Басконија со 90-89. На половина минута пред крајот гостинскиот тим имаше предност од четири разлика и напад, но ја загуби топката и му овозможи на Хезоња со тројка да намали на -1. Во следниот напад кошаркарите на Басконија промашија дури три слободни фрлања, но погодија едно и со 89-87 ја дочекаа последната акција на Реал. Кампацо искомплицира, за малку ќе ја загубеше и тој топката, но некако го проигез Хезоња, овој го „излета“ Монеке и ладнокрвно, во последната секунда погоди тројка за победа.

Огромен дефицит вечерва надополни и Монако кој на гостувањето кај Виртус губеше и со 21 поен разлика (18-39), но сепак победи со 86-80.

РЕЗУЛТАТИ
Анадолу Ефес - Олимпија Милано 110-66
Макаби - Црвена Звезда 85-73
Панатинаикос - Жалгирис 89-76
Виртус - Монако 80-86
Реал - Басконија 90-89