Изненадување на Австралија Опен: Елиминирана втората светска тенисерка! (ВИДЕО)

Американката Медисон Киз е втората финалистка на Австралија Опен.

Тенисерката која турнирот во Австралија го започна од 14. позиција денеска приреди изненадување и со 2-1 во сетови ја елиминираше втората тенисерка на АТП листата, Ига Швјонтек. 

Фаворитката подобро го започна мечот и го освои првиот сет со 7-5, но потоа во вториот изненадувачки Америкнаката издоминира и Швјонтек освои само еден гем и тоа при резултат 5-0.

Така се играше и трет одлучувачки сет кој донесе голема борба и незивесност. При резултат 4-4 Швјонтек сервираше и нејзината противничка имаше 15-40 предност, но полската тенисерка успа да се извелече и да го освои тој сет. Не само тоа набрзо дојде и до бројк за водство од 6-5.

Дојде Швјонтек и до меч топка, а кога не ја искористи се играше тај-брејк во кој Кис беше подобра со 10-8.

Киз во финалето ќе игра против бранителката на тронот и најдобра светска тенисерка, Арина Сабаленка. Белорусинката претходно беше подобра од Паоло Бадоса со 2-0 (6-4, 6-2).