Адеми: Одиме по победа против Милан!

Динамо Загреб беше поразен со 0-3 од Арсенал во седмото коло од Лигата на шампиони (ЛШ), а поранешниот македонски репрезентативец Аријан Адеми вели дека ривалот ја заслужил победата.

Адеми кажа дека на теренот имало моменти кога Динамо ја држел контролата на играта, меѓутоа не ги реализирал своите шанси, по што пристигнала казната од Арсенал. Сепак, не се разочаруваат пред последниот меч од елитното натпреварување, туку најави дека ќе одат на победа против Милан.

„Поразот е тежок, но Арсенал заслужи да ги освои бодовите. Имавме добри моменти на теренот и ја контролиравме играта, но не ги реализиравме шансите. Имаме јасна цел против Милан, одиме на победа. Можеме да го оствариме тоа затоа што имаме квалитет“, кажа Адеми.

Натпреварот меѓу Динамо Загреб и Милан е закажан за 29 јануари од 21 часот.