Пред шест години Реал го плати 63 милиони евра, сега е пред трансфер во „фенерџијата“ во Серија А
Пред шест години, Реал за него плати 63 милиони евра за тој да дојде од Ајнтрахт, но се покажа како едно од најлошите засилувања во историјата на клубот. Една полусезона помина повторно во Ајнтрахт, во 2022 година замина во Фиорентина, а последните две сезони е член на Милан каде исто така не се снаоѓа најдобро.
„Росонерите“ сакаат да се ослободат од него бидејќи тренерот Консеисао не смета на него, но проблем е високата плата. Можно е наскоро да биде најдено решение бидејќи интерес за Јовиќ покажа последнопласираниот тим во Серија А, Монца. Првиот човек на клубот Адријано Галијани се обидува да го убеди да се пресели таму како слободен играч, Милан не прави проблем, но целата работа треба да се среди во следните 48 часа.