Никола Матлиески се врати на клупата на Пролет

Никола Матлиески се враќа на клупата на Пролет кој ќе го води тимот по ненадејната смрт на Александар Јовиќ.

Матлиески е добро познато име во Пролет затоа што претходно овој тим го водеше во период од 2017 до 2021 година.

Со него Пролет успеа да заврши како трет во Суперлигата што е најдобар пласман на клубот. Матлиески веќе го одржа и првиот тренинг со екипата, а главната цел во актуелната сезона ќе биде опстанок, но и создавање на позитивна атмосфера за наредната сезона.