Крај на агонијата: Челси победи по пауза од 36 дена (ВИДЕО)
Ова беше прва премиерлигашка победа за „сините“ во 2025 година и прва по пауза од 36 дена, односно по 15 декември кога на домашен терен беа подобри од Брентфорд. Во меѓувреме го победија нисколигашот Моркомб, но тоа беше во рамките на ФА Купот каде обезбедија пласман во следната фаза.
Малку недостасуваше Челси и вечерва да остане без победа бидејќи Вулверхемптон беше рамноправен ривал околу еден час. Адарабиојо го отвори резултатот во 24. минута за пред крајот на првото полувреме да изрмани Дохерти. На истекот на првиот час игра Кукуреља одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник и го врати Челси во водство за Мадуеке пет минути подоцна да го постави конечниот резултат.
Со овој триумф Челси се задржа на четвртото место на табелата со 40 бода, 10 помалку од лидерот Ливерпул.