Врв на ферплејот: Шпанскиот голман побара да му се поништи црвен картон на противнички играч (ВИДЕО)
Тоа особено важи за шпанскиот голман Перез де Варгас кој ги освои симпатиите на љубителите на ракометот со својот потег во второто полувреме. Шведскиот репрезентативец Хампус Ване изведуваше пенал, Де Варгас го одбрани неговиот удар, но на судиите им се виде дека топката завршила директно во главата на голманот на Шпанија.
Поради тоа едниот од нив му покажа црвен картон на Ване, но Де Варгас побара тој да биде поништен, со образложение дека топката прво го удрила во рака, па во глава. Арбитрите го уважија неговото барање и го оставија Швеѓанецот во игра, а Де Варгас за својот потег доби овации од трибините. Де Варгас и Ване се соиграчи од Барселона, но без разлика на тоа, искусниот чувар на мрежата заслужува честитки за својот потег бидејќи во тој момент неговата репрезентација имаше четири гола негатива и добро ќе ѝ дојдеше две минути да игра со ракометар повеќе.