ПСЖ го комплетираше најголемиот јануарски трансфер!

Пари Сен Жермен го комплетираше најголемиот трансфер во овој јануарски преоден рок и го потврди ангажманот на Грузиецот, Квича Кварацхејлија од Наполи.

Францускиот гигант за фудбалерот на Наполи плати сума од 70 милиони евра, а Грузиецот потпиша договор до 2029 година.

ПСЖ имаше обид да го доведе Кварацхелија и минатото лето, но тогаш Наполи бараше двојно повеќе.

Кварацхелија во Наполи пристигна во 2022 година во трансфер вреден 13.3 милиони евра од Динамо Батуми и за калчолигашот одигра 107 натпревари во кои постигна 30 голови и подели 29 асистенции.