Се пожали холандскиот голман: Вакво нешто не сум видел, но така е долу на Балканот!

Холандија денеска успеа да слави над Македонија со 32-37 во еден натпревар во кој своја улога одиграа и судиите со повеќе одлуки во корист на Холанѓаните, сетоа тоа придонесе за револт кај македонските фанови во Вараждин, па настана и голема тензија.

На однесувањето на нашите навивачите се пожали холандскиот голман Матијас Рекс кој истакна дека никогаш претходно во кариерата не се соочил со ваква ситуација.

„Почнаа да фрлаат предмети кон нас. Никогаш не сум видел нешто слично. Но, јасно е дека е така долу на Балканот. Во еден момент кога се подготвував за еден прекин фрлаа вода гон голот. Беше лудо, тие работи немаа врска со ракометот“, изјави Рекс за данската „ТВ2“ по натпреварот.

Поради лошата арбитража на тандемот судии од Данска од Ракометната федерација на Македонија најавија и дека ќе поднесат жалба.