А бре Македонче, борба те чека, борба за - два бода со Холандија (ВИДЕО)

На улиците околу плоштадот во Вараждин попладнево може да се забележат само луѓе во црвено-жолта боја, кои од сите страни се упатуваат кон „Медина шкриња“, каде што е фан-зоната на македонските навивачи.

Од секоја помала група што оди кон Пештерата ечи песна, најчесто патриотски рефрени со кои се билда духот пред исклучително важниот дуел.

„А бре Македонче“ беше една од песните која ечеше на плоштадот, а чиј рефрен може да асоцира на „борба за два бода против Холандија“.