Играјте денеска на Македонија и Полска – „директно“, со хендикеп или на голови!

Почнувајќи со денешните средби од втората рунда од прелиминарната фаза на ракометното СП во Хрватска, Данска и Норвешка, „Спорт1“ ќе се обиде да ви помогне повеќе да уживате во возбудувањата од шампионатот со предлог-типови на коментаторите на МТВ, кои во следниот период ќе ви ги пренесуваат возбудувањата од Вараждин каде што игра Македонија.

ТОНИ СТОЈАНОВСКИ:

ХОЛАНДИЈА – МАКЕДОНИЈА H2 (-3,5)

Не е субјективно, навистина мислам дека можеме да одиграме уште еден одличен натпревар, макар што ќе биде концепциски поразличен од оној со Унгарија. Тогаш се „истепавме“ со нив неутрализирајќи го нивното најсилно оружје, а можеме и сега. Тимот е компактен, има одлична хемија и затоа верувам дека можеме да парираме и на брзината на Холанѓаните. Тие имаа два кикса во минатите 12 месеци, па тоа треба да ни биде мал ветер в грб во ментална смисла, за да имаме чист ум во текот на целиот меч. Убедливата победа на Холанѓаните против Македонија на СП 2023 не е мерило. Ова е поинаква Македонија, а „лалињата“ не цветаат во јануари, нели?

ПОРТУГАЛИЈА – БРАЗИЛ 1

Бразилците направија големо изненадување совладувајќи ја Норвешка во Осло, па со самодоверба до небо ќе влезат во пресметката со Португалците. „Европските Бразилци“ имаат постојан ракометен раст во последно време, нивните клубови играат се позначајна улога во континенталните купови, беа на ниво и на последното ЕП, така што очекувам да конкурираат за висок пласман и на овој Мундијал. Тоа би значело долго да траат и во трката за четвртфинале. Американците не беа вистински тест за нив, но дадоа 38 гола против Франција во последната контрола пред овој континентален собир. Покрај победата на Португалија, очекувам и натпревар со голем број голови.

ЧЕШКА – ПОЛСКА 2

Двете репрезентации не се во светскиот врв, но имаат силна ракометна традиција, па очекувам тесна битка. Сепак, предност им давам на Полјаците кои загубија од Германија во првото коло, но противникот е еден од фаворитите, така што тие седум гола разлика не ми изгледаат преголеми. Чесите ремизираа со Швајцарија во натпреварот со исклучително мал број голови (34), но против денешниот ривал имаат само еден триумф на последните 11 натпревари. Мојот тип е победа на Полска.

 

ЈУГОСЛАВ КОСТОВСКИ:

ХОЛАНДИЈА – МАКЕДОНИЈА X полувреме.

Верувам дека првото полувреме ќе донесе изедначена игра гол за гол и дека на крајот ќе биде изедначено, што значи дека крајната „двојка“ ќе донесе уште послатка добивка.

ЧЕШКА – ПОЛСКА 2

Ова е сосема реален исход од овој натпревар, кој носи добар коефициент.

ПОРТУГАЛИЈА – БРАЗИЛ H1 (-2,5)

Обично по голема победа следува приземјување, а Португалците, сепак, имаат далеку поквалитетна репрезентација.

 

ДАМЈАН НИКОЛОВСКИ:

ХОЛАНДИЈА-МАКЕДОНИЈА: Повеќе од 30 голови во второ полувреме

Време е за ефикасен натпревар, во кој во завршните 15 минути нема да има многу тактизирање, ова поради стилот на игра на двете селекции..

ПРЕДИЗВИК: Холандија-Македонија: Х прво полувреме

Вреди да се обидете, висока квота во дуел на две ракометни филозофии (обидете се и со нула во два барем за стотче).

ЧЕШКА - ПОЛСКА: H2 (+2.5 гола)

Тука не треба да има простор за изненадување, напротив сигурна победа на Полска со најмалку три голови разлика. Полјаците се наша „крвна група“.