Новак-експрес по брза постапка до осминафиналето
Српскиот ас загуби само девет гема (6-1, 6-4, 6-4) и ја заврши својата работа за два часа и 22 минути игра. Се очекуваше поголем отпор од противникот ако се има предвид дека лани славеше во меѓусебниот дуел на турнирот во Женева, но тоа не се случи.
Првиот сет беше рамноправен само во првите два гема, по што Ѓоковиќ освои пет по ред за водство од 1-0. Својата шанса Махач ја пропушти во вториот сет кој го отвори со водство од 2-0. Сепак, Новак брзо ги зеде работите во свои раце, повторно направи серија, сега од четири гема за потоа рутински да го освои и вториот сет. Третиот го отвори со брејк кој успеа да го задржи до крајот и да обезбеди пласман во ново осминафинале на Гренд слем турнирите.
Во него ќе се сретне со уште еден чешки тенисер, Јиржи Лехечка кој со 3-0 беше подобар од Бонзи од Франција.