На „Бернабе“ брзо се забораваат успесите: Анчелоти жестоко исвиркан од фановите на Реал (ВИДЕО)

Иако е еден од најуспешните тренери во историјата на Реал, Карло Анчелоти синоќа беше жестоко исвиркан, при најавувањето на составот и шефот на стручниот штаб пред мечот со Селта.

Италијанецот ја работи вкупно шестата сезона како предводник на мадридскиот гигант и досега има три титули во Лигата на шампионите и две во шпанското првенство, но ни тоа не е доволно за навивачите на Реал. Веројатно лути од дебаклот од Барселона во Суперкупот, тие го почестија Анчелоти со свирежи кои апсолутно не ги заслужи.

Полошо од него помина само Орелиен Чуамени кој беше еден од најлошите против Барса, но само затоа што принудно играше како стопер што не е негова оригинална позиција.