Летаа пердуви од Реал среде Мадрид...
Тимот од Пиреја славеше во Мадрид со 96-86 за седма победа во низа во елитното натпреварување и вкупно 12., ако се смета и грчкото првенство. Сепак, мора да се знае дека конечниот резултат не ја отсликува реално состојбата на мечот, а Реал треба да биде и среќен со ваков пораз бидејќи Олимпијакос во последната четвртина водеше и со 22 поена разлика (78-56) и беше на добар буквално да го понижи најтрофејниот европски тим.
Во последните минути гостите се опуштија, па Реал го искористи тоа за со неколку серии да се избори за поднослив пораз. Ако минатата недела главен беше Везенков, сега се истакна Еван Фурние кој постигна 29 поени со пет тројки од осум шута. Олимпијакос се зацврсти на челната позиција на табелата со биланс 16/6, додека Реал направи чекор назад и се врати на деветтото место со 12/10.
РЕЗУЛТАТИ
Асвел - Алба 96-89
Олимпија Милано - Партизан 70-90
Парис - Макаби 96-83
Реал - Олимпијакос 86-96