Костески: Главата горе, изгинавме на теренот!

Македонија одигра одличен натпревар против Унгарија (27-27) на стартот на Светското првенство (СП) и освои голем бод, иако во самата завршница можеше да стигне и до победата.

Ненад Костески кажа дека одиграле тежок и исцрпувачки натпревар, но го оставиле срцето на теренот за Македонија.

„Ова беше тежок натпревар, навистина исцрпувачки. Мислам дека го дадовме максимумот, малку недостигаше да извојуваме победа, но главата горе и одиме понатаму. Ова е одличен резултат за нас, изгинавме на терен и покажавме дека вредиме многу како репрезентација. Ова ќе биде мотивација за нас да одиграме уште еден квалитетен меч против Холандија, па и да се израдуваме на крајот“, кажа Костески.

Ракометарите следниот меч на СП го играат против Холандија на 17 јануари.