Уште еден Македонец може да заигра во Шкотска

Maкедонија наскоро би можела да добие уште еден фудбалер во шкотското првенство и тоа Јани Атанасов кој во овој момент го носи дресот на Краковија.

Според последните информации од Шкотска, интерес за македонскиот фудбалер покажал тимот на Хибернијан кој се натпреварува во најсилното шкотско првенство.

Евентуална преселба на Атанасов во првенството на Шкотска би ја зголемила македонската колонија бидејќи во оваа земја веќе настапуваат, Давид Бабунски и Кристијан Трапановски во дресот на Данди и Давор Здравковски кој е дел од Мадервил.

Претходно Бојан Миовски токму со настапите во ова првенство во дресот на Абердин си обезбеди трансфер во шпанска Жирона.