Официјално: Барди си замина од Трабзонспор

Турскиот гигант Трабзонспор официјално се раздели со македонскиот репрезентативец Енис Барди, кој ќе биде слободен да бара нов клуб за неговата кариера.

Барди играше за Трабзонспор од 2022 година, откако претходно пет години го носеше дресот на Леванте.

Како што беше објавено вчера, за услугите на македонскиот репрезентативец се заинтересирани четири екипи.

Барди се наоѓа на листата со желби на Еспањол, Рајо Валјекано, Башакшехир и Ејупспор.