Прво, па машко: Најтешкиот меч за судење на стартот на СП за - Начевски и Николов!

Македонските судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, кои се меѓу најдобрите во светот, ја добија честа да го судат дербито на денот на Светското првенство (СП), откако Светската ракометна федерација (ИХФ) ги делегираше за натпреварот меѓу Германија и Полска во првото коло.

Овој значаен дуел од групата А, каде се наоѓаат само европски репрезентации (Чешка и Швајцарија), ќе се одигра вечерва од 20.30 часот во „Јиске Банк Боксен“ арената во Хернинг.

Годинешниот Мундијал се игра во Хрватска, Данска и Норвешка, а на него учествува и Македонија, која вечерва го отвора првенство со пресметка против Унгарија (20.30 часот) во Вараждин.