Ѓоковиќ пак загуби сет, ама стигна до третото коло

Десеткратниот шампион на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ ја мина и втората пречка во Мелбурн откако утринава го совлада Жаиме Фарија од Португалија со 3-1 (6-1, 6-7, 6-3, 6-2).

Како и во првото коло, српскиот ас повторно загуби еден сет, сега во тај-брејк, но не дозволи изненадување и покрај тоа што на теренот помина три часа. Мечот почна со негова доминација, за половина час поведе со 1-0 во сетови, но потоа дојдоа проблемите.

Португалецот го доби вториот сет и израмни на 1-1 преку тај-брејк, а во третиот му требаа 53 минути да го скрши отпорот на противникот и да дојде до нова предност. Очигледно Фарија тука ја потроши целата енергија, па во четвртиот сет Ѓоковиќ рутински ја заклучи победата.

Во третото коло, Ѓоковиќ ќе игра против чешкиот тенисер Томаш Махач од кого лани загуби на турнирот во Женева.